Славниот шпански тренер не го сака Нејмар: Тој е фолирант

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Висенте дел Боске, вели дека квалитетите на Нејмар се неспорни но Бразилецот има многу лош каракјер.

Нејмар е тешко да го тренирате. Што се однесува до мене, тој не е добар пример на фудбалер. Нека остане забележано дека го сметам за добар фудбалер и доколку ме прашате да го рангирам, би го сместил меѓу петте најдобри во светот, но… На теренот се обидува да мами, тој е фолирант. Се уште се памети како ја напушти Барселона – изјави Дел Боске за каталонскиот весник „Мундо Депортиво“.

Нејмар во 2017 година ја напушти Барселона и премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Бразилецот се очекува да биде главната ѕвезда во летниот преоден рок во кој повторно ќе се актуелизира неговиот транфер во Барселона. Шпанскиот тим минатото лето се обиде да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, но ПСЖ не попушти во барањата и бразилецот остана во Париз.

Барселона треба да одлучи дали ќе го врати Нејмар или не. Не треба да се обрнува внимание на тоа што го зборуваат фудбалери, со ова прашање треба да се занимаваат спортскиот директор и генералниот секретар на екипата. Тешко е да очекувате фудбалерите да кажат нешто лошо за играч кој им бил колега и се плаира негово враќање. Да бидам искрен, не можам да се сетам на таков пример – додава Дел Боске.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот