Слави Трифонов ја напушта коалицијата на Петков: Ставам крај на оваа агонија

Слави Трифонов/ Фото: МИА

Во вонредна изјава, лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов објави дека ја напушта владината коалиција со Кирил Петков.

„Од денеска ги повлекувам министрите на ИТН и ставам крај на оваа коалиција и оваа агонија“, рече тој.

Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто нам не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што повеќе нема пари во земјата, објасни лидерот на ИТН.

Според него, премиерот Кирил Петков, во однос на Македонија, водел двојна надворешна политика, спротивна на интересите на Бугарија и бугарскиот народ.

Петков, според Трифонов, им ветил на европските лидери дека ќе го крене ветото за Северна Македонија, без притоа да бидат исполнети условите од Договорот за пријателство потпишан во 2017 година. Ова, според лидерот на ИТН, е недозволиво и е спротивно на националните интереси на земјата.

Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика, поинаква политика од онаа на МНР, различна од онаа на Народното собрание, различна од онаа што ја декларира владината коалиција. Премиерот има друг, свој министер за надворешни работи, Весела Чернева. Премиерот им ветил на различни лидери во Европа и светот дека ќе го укине ветото за Северна Македонија  и прави се што е можно тоа да се случи, и покрај барањето на голем дел од бугарските граѓани во Северна Македонија, да се исполни договорот меѓу двете земји од 2017 година. Кирил Петков грубо, безмилосно и еднострано не го почитуваше потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да носи еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Ова се вика национално предавство, рече Слави Трифонов.

Не сум тука за власт, се уште не се чувствувам како политичар. Заради моралниот избор, не формирав влада кога имав најмногу пратеници, коментираше Трифонов.

„Ќе почнат секакви глупости дека го стопираме буџетот и што уште не. Затоа, јасно кажувам дека пратениците на ИТН ќе го поддржат ребалансот на буџетот во делот на социјалните мерки и народни пензии. Но, останатите нема да ги поддржат, бидејќи тоа е штетно и ја води државата во пропаст“, ​​додаде тој.

Во однос на буџетот и парите на државата, Трифонов рече дека откако Асен Василев е министер за финансии, „летаат милијарди“ откако беше министер за финансии Асен Василев.

Никој нема право да експериментира со нашите пари – да ги троши еднострано, рече Трифонов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот