Фото: Pexels / Aditya Singh

Вистинската причина за слаб интернет: Пет работи до кои не треба да го ставате вашиот рутер

Доколку имате проблеми со слаб Вај-Фај сигнал во вашиот дом, причината може да биде поблиску отколку што мислите и може да доаѓа од вашата кујна или дневна соба. Според технолошките експерти, одредени домашни уреди можат значително да се мешаат во вашиот Вај-Фај рутер без дури тоа да го забележите.

Иако за време на инсталацијата често се препорачува рутерот да се постави подалеку од дебели ѕидови и да не се држи на подот, ретко се зборува за тоа колку лошо одредени електрични уреди можат да влијаат на јачината и опсегот на сигналот.

Сем Џенкинсон, експерт од компанијата „Тајгер модулар“, предупредува дека е важно да се избегнува поставување на рутерот во близина и на големи и на мали електронски уреди.

Петте најпроблематични уреди се телевизори, фрижидери, микробранови печки, блутут звучници и безжични телефони.

Телевизорите и фрижидерите можат физички да го блокираат или апсорбираат сигналот, додека микробрановите печки и блутут уредите го нарушуваат сигналот бидејќи користат исти радио бранови како Вај-Фај. Безжичните телефони, иако се поретки денес, сепак можат да предизвикаат пречки ако се постават премногу блиску до рутер.

Џенкинсон, исто така, посочува некои помалку очигледни „виновници“ за слабиот сигнал: огледалата и аквариумите, кои ги рефлектираат и апсорбираат Вај-Фај брановите, исто така можат да ја ослабнат врската.

„Можеби изгледа практично или естетски пријатно да го скриете вашиот рутер во плакар или зад вашиот телевизор, но тоа може значително да ја намали неговата ефикасност“, рекол тој.

Наместо тоа, се препорачува рутерот да се постави на централно, издигнато и отворено место во станот или куќата.

„Замислете го Вај-Фај како светлина од светилка – колку е поизложена и ненарушена, толку подобро ќе го осветли, односно ќе го покрие вашиот простор со сигнал“, заклучил Џенкинсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот