Слаб интерес за ракометната ЛШ: Само во Битола, Веспрем и Олборг беа распродадени билетите

фото: РК Еурофарм Пелистер

Барем на стартот од новата натпреварувачка сезона 2023/2024, кај фановите не е голем интересот за гледање на ракометната Лига на шампионите. Првите две кола од сезоната не привлекоа големо внимание кај навивачите на тимовите учесници во европското елитно натпреварување.

Вкупно 16 натпревари гледале 60.478 навивачи, што е само 3.779 по натпревар. Само 57,9% од капацитетот на салата беше зафатен, што значи дека повеќе од 42% од седиштата беа празни во воведните две недели од најдобриот европски клупски ракомет.

Гостувањето на актуелниот освојувач на ЛШ, Магдебург, во Барселона привлече само 1.873 навивачи, а најмалку атрактивен клуб за гледање беше Порто со 1.200 гледачи на премиерата со Висла, односно 1.700 против Целје во „Златорог“.

Само три натпревари од 16 одиграни во воведните две кола беа распродадени – во Битола, Веспрем и Олборг.

ПРВО КОЛО (навивачи / капацитет на сала):

Порто 1.207 / 2225
Магдебург 4.224 / 7.800
РК Загреб 4.874 / 15.200
Пик Сегед 4.700 / 8143
ГОГ 2.454 / 4.000
Монпеље 7.500 / 8.000
Еурофарм Пелистер 3.000 / 3.000 распродадени
Киелце 3.800 / 4.200

29.346 / 52.568 (55,82%)

ВТОРО КОЛО (навивачи / капацитет):

Барселона 1873 / 7585
Колштад 5.611 /8.600
Кил 5.234 / 10.285
Веспрем 5.019 распродадени
ПСЖ 2.523 / 4016
Oлборг 5.072 распродадени
Висла 4.100 / 5.467
РК Целје 1.700 / 5.827

31.132 / 51.871 (60,02%)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот