Скршен череп, крварење во мозокот и скршени ребра имало двегодишното девојче од Кичево претепано до смрт од таткото

Клинички центар
Влез во Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Скршен череп, крварење во мозокот и скршеници на две ребра имало двегодишното девојче од Кичево што беше претепано до смрт од таткото. Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против него за кривично дело убиство  предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На таткото што ја претепал до смрт сопствената 2-годишна ќерка му се заканува затвор од 10 години до доживотен затвор.

Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

„Слободен печат“ од полициски извори дознава зошто апсењето не се случило веднаш туку после 22 дена и откако девојчето било починато. Според нашите извори, мајката првично во полиција дала исказ дека девојчето паднало од височина, од мебел, односно од шкаф. Потоа девојчето било однесено во болницата во Кичево, од каде на полицијата не ѝ биле дадени информации дека се работи за претепување. Дури откако стигнале резултатите од обдукцијата, станало јасно дека се работи за претепување.

Таткото од Кичево што до смрт ја претепа 2-годишната ќерка бил приведен после обдукцијата, затоа што мајката во полиција првично тврдела дека девојчето паднало од плакар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот