Камион со ѓубре - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Камион со ѓубре - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Скопските комуналци во декември собрале 13.000 тони отпад, Екопатролата најмногу опоменувала во Карпош

Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ информираат дека во текот на декември скопските комуналци подигнале и транспортирале вкупно 13.000 тони отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот.

Исто така, екипите на претпријатието отстраниле и 2.200 кубни метри кабаст и градежен отпад од диви депонии распространети низ сите скопски општини.

Екопатролата на „Комунална хигиена“, пак, во декември изготвила вкупно 225 записници од едукативни разговори и опомени за неправилно одлагање отпад, од кои најмногу биле во општина Карпош, каде биле евидентирани вкупно 85 записници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот