Скопскиот џез-фестивал со традиционалното џез-матине ќе ги промовира календарите за 2025 година
Традиционалното џез-матине на Скопскиот џез-фестивал со промоција на календарите за 2025 година ќе се одржи на 18 јануари (сабота), со почеток во 13 часот, во скопското кафуле „Макка Бар“.
Препорачано
Календарите се подготвени со фотографии од минатогодишното издание на џез-фестивалот на македонската фотографка Татјана Ранташа.
Промоцијата на календарите ќе биде проследена со концертен настап на триото на гитаристот Филип Динев. Тој ќе настапи заедно со Андреа Мирческа на контрабас и Дамјан Грујо на тапани.
Филип Динев е македонски гитарист и композитор со интернационална кариера. Неговите композиции се фузија помеѓу класичната, балканската и традиционалната џез-музика. Toj e aвтор и продуцент на две оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020). Има настапувано во многу европски градови, меѓу кои: Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпцих, Дрезден.
Влезот на џез-матинето во „Макка Бар“ е слободен за сите љубители на музиката и колекционери на календарите на Скопскиот џез-фестивал.


