Скопски „Водовод“ со 1.404 интервенции во ноември

ЈП Водовод и канализација/ Фото: МИА

Секторот водовод на ЈП „Водовод и канализација” Скопје во ноември имал 1.404 интервенции за отстранување на улични дефекти и на шахти, поставување на затворачи, на огрлици, на приклучни цефки, на изведување на водоводна мрежа и други оперативни активности.

Од скопски „Водовод“ наведуват дека секторот канализација извршил 17.911 интервенции, во делот на проверки на шахти, изведби на површинско чистење на решетки од сливници, изведби на рачно чистење шахти и сливници, влечење од јама, чистењa на сифон, отпушување на затрупани шахти, изведба на фекална канализација, изведба на атмосферска канализација и други оперативни активности.

Во Дежурно информативен центар на скопски Водовод биле пријавени и реализирани 1.400 интервенции. Секторот за санитарна контрола, пак, спровел, 1.591 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот