„Скопски агол“: Во Ајватовци Свети Трифун се одбележува со закројување лозје и саем на вино

Има интерес за домашното вино. Имаме одличен производ кој вреди да се проба. Манифестацијата е одлична- вели производителот на домашно вино, Трајче Трајковски.

Дворот на црквата „Свети Трифун“ во скопско Ајватовци е едно од местата каде што денеска се одбележува Св. Трифун – заштитник на лозарите. Денеска по седми пат се организира вински саем каде што производители на домашно вино го изложуваат својот производ, а подоцна и се натпреваруваат кој ќе добие поголема награда, односно чие вино ќе биде поквалитетно.

Екипата на „Скопски агол“ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ разговараше со дел од производителите.

-Има интерес за домашното вино. Имаме одличен производ кој вреди да се проба. Манифестацијата е одлична- вели производителот на домашно вино, Трајче Трајковски.

Организатор на манифестацијата е Општина Илинден. Градоначалникот Жика Стојановски информираше дека станува збор за традиционална манифестација во која покрај изложувањето на вино, акцент се става и на закројувањето на винова лоза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот