Скопје колинг 2023 по највисоки светски критериуми: „Лајбах“ ќе го отворат, Нина Кравиц ќе го затвори фестивалот

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Skopje Calling

На Стадионот на АРМ во Скопје в петок, 7 јули, ќе се одржи еден од најурбаните музички фестивали кај нас, Скопје колинг 2023, кој повторно ќе понуди импресивна листа на изведувачи. Како што најавија организаторите на фестивалот, „Авалон продукција“, на вчерашната прес-конференција одржана  во Скопје, годинава фестивалот продукциски ќе ги задоволи највисоките светски критериуми, а ќе настапат Нина Кравиц, „Лајбах“, Констракта и Земја Грува, „Буч Кесиди“ и „Ниплпипл“.

Сопственикот на „Авалон продукција“, Бобан Милошески изјави дека фестивалот е настроен кон „меинстрим“ генерацијата, прилагоден за публика од 7 до 70 години.

Фото: Слободен печат

– Со оглед на тоа што фестивалот е сепак авангарден и не е ултракомерцијален, ние сме неверејотно, позитивно изненадени од бројот на посетители кои ќе се појават в петок. „Лајбах“ ќе настапат први во 21:15 часот, а единствен услов беше да биде стемнето, затоа што имаат импреивно осветлување и видео. Останатиот „лајнап“ е прилагоден спрема музичкиот концепт на фестивалот, односно како ќе се загрева атмосферата, сѐ до настапот на Нина Кравиц – изјави Бобан Милошески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот