Скопјанката Марија за нејзината другарка: Во секое маало е главна фаца

Фото: Приватна Архива

Животно искуство кое Марија не би го заменила со ниедно друго, Беа е нејзин неисцрпен извор на среќа.

Марија Алексовска од Скопје денеска ни ја раскажа приказната за Беа, кучето кое ѝ донесе безусловна љубов и кое станало нејзина најдобра другарка.

Навидум, сите приказни за посвоени миленичиња наликуваат една на друга, но секојпат ни се потврдува фактот дека секое животно си има свој карактер, па оттука и приказните за нив се посебни и единствени.

Марија и Беа

Беа ја најдов на оглас во групата Миленичиња на Фејсбук. Отсекогаш сум сакала куче, но јасно ми беше дека одговорноста е огромна и дека треба да бидам подготвена и дека откако ќе ја земам, треба да си ја имам во план за наредните 10-15 години. Со почетокот на пандемијата престанав да патувам, и, иако бев многу скептична за чување куче во стан, решив дека ќе биде сега или никогаш. До ден денес имам грижа на совест дека ја казнувам што ја чувам во стан, но давам сè од себе колку што е можно повеќе да бидеме во природа и да си ги има своите 2-3 часа уживанција во денот, затоа што порасна во големо куче, на кое му треба добро да се истрча и измори, раскажува Марија.

Кога пристигнала во нејзиниот дом, Беа имала 3 месеци, многу била тажна и првите 10 дена меѓу нив биле навистина чудни. Тогаш Беа мочкала и какала на пелени во домот на Марија, а неа ја фатило паника дека тоа нема да се промени. Првите неколку месеци додека се прилагодувале една на друга, биле малку тешки, но денеска таа не можам да си го замислам животот без Беа и ја планира буквално за сè, како што самата вели…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот