Фото: „Слободен печат“

ФОТО | Скопјани традиционално се капеа на Матка на 5 степени температура во реката

Неколку граѓани денеска се капеа на реката Треска во близина на кањонот Матка, традиционално за празникот Богојаваление – Водици.

Денеска на кањонот Матка се измерени 4.9 степени температура во водата, но на скопјани тоа не им пречеше да си ја испочитуваат традицијата. Повеќето се капеа околу една минута, но еден човек остана околу 4-5 минути во студената река која во зимскиот период е најчиста.

Фото: „Слободен печат“

На Матка не се фрлаше крстот како во другите реки во Македонија, а оние кои се искапеа рекоа дека секоја година избираат мирно место, подалеку од гужвите кои се типични на Водици.

„Ако не мислиш на тоа, не е студено. Секоја година се капам на Матка за здравје и додека можам ќе ја одржувам традицијата“, рече човекот кој остана најдолго во реката.

Фото: „Слободен печат“

Кањонот Матка го нарекуваат и мала Света гора поради големиот број цркви и манастири. Тој нуди можности за пливање, кајакарење, но и за алпинистичко искачување по стрмните карпи.

Во рамките на кањонот се наоѓа спелеолошкиот парк „Јовица Гроздановски“, наречен според трагично загинатиот алпинист. Паркот е составен од три пештери: Врело, Убава и Крштана како и една подводна пештера која се вика Подврело.

ФОТО+ВИДЕО | Бог се јави, навистина се јави! – Скопје го одбележа Водици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот