Богојавление во Скопје: Фото -Методи Здравев

ФОТО+ВИДЕО | Бог се јави, навистина се јави! – Скопје го одбележа Водици

Одбележувањето на празникот Богојавление во Скопје започна утрово во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што богослужеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан.

По завршување на литургијата, каде присуствуваа мноштво граѓани, богојавленските литии заедно со свештенството во поворка се упатија кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“, каде се одржа „Водосветот“, а напладне  архипископот г. г. Стефан  го спушти светиот и животворен крст во водите на Вардар.

Дваесет и четиригодишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади светиот крст од водите на Вардар , кој беше најсреќниот меѓу 160 пријавени мажи и една девојка за фаќање на крстот.

Денеска празникот се одбележа со фрлање на светиот крст и на повеќе други локации низ градот, во Ѓорче Петров, Бутел и Гази Баба.

Погледнете како изгледаше денеска на централната манифестација за Водици во Скопје.

Богојавление во Скопје: Фото-Методи Здравев
Богојавление во Скопје: Фото-Методи Здравев
Богојавление во Скопје/Фото: Методи Здравев
Богојавление во Скопје/Фото: Методи Здравев
Богојавление во Скопје/ Фото: Методи Здравев
Богојавление во Скопје: Фото-Методи Здравев
Литии за Водици/Фото: Методи Здравев
Богојавление во Скопје/Фото: Методи Здравев
Богојавление во Скопје/Фото: Методи Здравев
Богојавление во Скопје/ Фото: Методи Здравев
Богојавление во Скопје/Фото: Методи Здравев

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот