Скопјанецот кој по грешка прими втора наместо прва доза од Спутник, ќе се ревакцинира со првата

Руска вакцина „Спутник В“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство потврди дека кај нив е пријавен случајот на скопјанецот од критичната државна инфраструктура, кој наместо првата ја примил втората доза од руската вакцина Спутник В, која има различен вектор од првата, и преку Комисијата за имунизација даде препораки за конкретниот случај.

„Согласно достапните научни сознанија за ефикансоста во однос на начинот на делување на Спутник В, секундарен имун одговор се стекнува по примање на втора (бустер) доза со различен вектор. Со оглед на фактот што вакцинацијата е спроведена со вакцината Спутник В, компонент II, земајќи го предвид горенаведното потребно е да се комплетира вакцинацијата со примање на втората доза на вакцината Спутник В, компонент I“, соопштија од таму.

Скопјанец во паника: По грешка, прво му ја вбризгале втората доза од Спутник В, бара на писмено да му кажат што понатаму!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот