Скопјанецот кого Кинезите го бркаа со сатар, всушност само нарачувал храна

Скопската полиција извести дека скопјанецот М.Т во МВР вчера пријавил дека околу 11.20 часот во ресторан во трговски центар бил физички нападнат од вработените во ресторанот Л.Ч.(34) и Л.Ш.(43) државјани на Народна Република Кина,а во врска со нарачка на храна.

Според пријавата, еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне М.Т., а другото лице фрлало различни предмети.

По преземени мерки, Л.Ч. и Л.Ш. биле приведени во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Џеки Чен сред бел ден со САТАР во „Лептокарија“ збрка маж (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот