Скопјанец со полномошно од починато лице фалсификувал исправа

мвр зграда
Принтскрин

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција и фалсификати поднесла кривична пријава против И.Д.(55) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

– Пријавениот, во својство на наводно ополномоштено лице од друго лице, кое било починато, да може да управува патничко возило на подрачјето на државата и надвор од неа и да може да ги превзема сите потребни работи врзани за регистрација и отуѓување на возилото, без валидно полномошно заверено кај нотар, на 17.05.2023 со лажно прикажување на факти се обидел да склучи договор за купопродажба на возилото пред нотар за да може да го присвои, се појаснува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот