Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешувањето на Беким Сали

Скендер Реџепи
Скендер Реџепи / Фото: Слободен печат- Драган Митрески

Независниот пратеник Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но не и за другите министри и заменици министри.

„Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство. Без сомнение бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. За другите министри никогаш нема да гласам да се разрешат“, рече Реџепи во гостување на ТВ21.

Тој најави и дека ќе побара средба со премиерот Димитар Ковачевски за да разговара за меѓунардна истрага за случаите „Монструм“, „Диво насеље“, „Алфа“ и „Малиот Алмир“.

Според Реџепи, Алтернатива никогаш не побарала од Владата меѓунардна истрага за како што вели, монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу Алтернатива и СДСМ.

Тој упати остри критики кон лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и министерот за здравство, Беким Сали.

Реџепи вели дека не може само за Министерството за здравство да се „изгори“ цела Алтернатива.

„Сега сите министри и директори треба да бидат политички егзекутирани затоа што роднина на вашиот клан не успеа да опстане на политичката сцена“, вели Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот