Скарлет Јохансон ja тужи вештачката интелигенција: Го користеле нејзиниот глас и лице во реклама

Profimedia
Фото: Profimedia

Актерката Скарлет Јохансон, започна правна постапка против апликација за вештачка интелигенција која го користела нејзиниот глас и лице во онлајн-реклама без дозвола, пишува „Варајети“.

Рекламата промовира апликација за уредување на слики со вештачка интелигенција наречена „Лиса АИ“ (“Lisa AI: 90s Yearbook & Avatar“), која користела верзија на нејзиното лице и глас генерирани од вештачка интелигенција.

Во рекламата таа е прикажана како ги поканува корисниците да видат што е новата апликација развиена од страна на инвеститорот „Конверт софтвер“ („Convert Software“).

Адвокатите на актерката потврдија за „Варајети“ дека Скарлет не е претставничка на апликацијата, а откако е откриена рекламата на 28 октомври, веднаш е преземена соодветна правна постапка. Рекламата, оттогаш не може да се најде на социјалните мрежи.

Инаку рекламата, прегледана од „Варајети“, започнува со старо видео на Скарлет зад сцената на филмот „Black Widow“.

Актерката вели: „Што е, момци? Тоа е Скарлет и сакам да дојдете со мене…“ пред графиката да премине во фотографии генерирани од вештачка интелигенција кои личат на актерката.

Лажниот глас кој ја имитира Скарлет продолжува да зборува, промовирајќи ја апликацијата за вештачка интелигенција.

„Тоа не е ограничено само на аватари. Можете исто така да креирате слики со текстови, па дури и со вашите видеа со вештачка интелигенција. Мислам дека не треба да го пропуштите“, вели глас кој звучи како актерката.

Со мал фонт на дното на рекламата пишува: „Фотографиите се создадени со помош на „Лиса Аи“ („Lisa AI“). Тоа нема никаква врска со оваа личност“.

Инаку, Скарлет не е единствената позната личност на која нејзиното име и лице се украдени и манипулирани заради рекламирање.  Минатиот месец, Том Хенкс се огласи на социјалните мрежи за да ги предупреди своите фанови за промотивно видеоза  стоматолошки план, во кој е создаден ликот на актерот со вештачка интелигенција.

ФОТО | Том Хенкс жртва на измама: Кружи бизарно видео направено со вештачка интелигенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот