Саутемптон/EPA/VINCE MIGNOTT

Скандалот со шпионажа потврден: Саутемптон исфрлен од финалето за место во Премиер лигата

Саутемптон остана без можност да се бори за пласман во Премиер лигата, откако Англиската фудбалска лига донесе одлука клубот да биде исфрлен од плејофот поради шпиунирање на тренинзите на Мидлсброу.

„Светците“ требаше в сабота да се соочат со Хал во финалниот натпревар, откако во полуфиналето успеаја да го елиминираат Мидлсброу. Сепак, по истрагата и потврдените прекршувања, лигата официјално реагираше со строга казна.

Во соопштението се наведува дека независната дисциплинска комисија утврдила повеќекратни прекршувања на правилата, поврзани со неовластено снимање на тренинзи на други клубови, по што Саутемптон бил отстранет од плејофот. Покрај исфрлањето, клубот ќе ја започне и следната сезона со минус четири бодови.

По ваквиот развој на настаните, Мидлсброу повторно се враќа во плејофот и ќе игра против Хал во финалето, кое останува закажано за 23 мај, додека точниот термин дополнително ќе биде објавен.

Aнчелоти на Мундијалот не повика напаѓач кој даде 20 гола во Премиер лигата

Репрезентативец на Македонија ќе плати 500 евра казна за кршење врата во Кратово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот