Скандал во Србија: Тренер наговарал 13-годишно момче на секс

Педофилски скандал ја потресе фудбалска Србија откако 38-годишен трернер од младинските категории на Радник Сурдулица е приведен во полиција поради обид за сексуален напад на 13-годишно момче кое е дел од фудбалската академија на тимот.

Тренерот му испраќал пораки со непримерна содржина до фудбалерот наговарајќи го на сексуален однос, по што момчето го известило татка си кој пак случајот го пријавил во полиција.

Момчето му се пожалило на својот татко дека тренерот му испаќа непримерни пораки по што тој случајот го пријавил во полиција. Таткото го предал мобилниот телефон во кој биле бројните пораки по што тренерот бил повикан на информативен разговор. Осомничениот А. Ф. дал изјава во полицијата во која ги негира наводите од младиот фудбалер. Тренерот е пуштен да се брани од слобода, а случајот понатаму го презема јавното обвинителство, а двата телефони, тој на момчето и на тренерот се дадени на вештачење – откриваат полициски извори за српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот