Скандал во Србија: На фудбалери им се нудело мито пред баражот за Суперлигата

Во српскиот фудбал од време на време знае да се појави по некој скандал, па така е и сега.
Сега во центарот на вниманието се фудбалерите на Инџија кои пријавиле дека добиле мито пред баражот за место во Суперлигата на Србија против Раднички Ниш, објави „Спорт Клуб“.
Пријавите од фудбалерите биле доставени до официрот за интегритет, надлежните во Фудбалскиотсојзу на Србија и Обвинителството. Во документот детално е наведено какви понуди добиле фудбалерите.
Првотимиците на Инџија ги напишале со имиња и презимиња луѓето кои се обиделе да ги подмитат со непристојните понуди.
Целата докумантација е доставена до потребните институции и сега се чека расплетот. Ќе потсетиме, Инџија во првиот натпревар дома победи со 3:1, но на реваншот во Ниш загуби со 3:0 и пропушти прилика да биде дел од најсилната конкуренција во Србија.
Овој скандал доаѓа пред сезоната во која Србија забележа напредок според клупскиот кофициент во Европа и доби еден директен учесник во групната фаза од Лигата на шампионите каде што наредната сезона ќе ја гледаме Црвена Звезда.