Скандал во Братунац: Филм за подвизите на Младиќ

На ден пред изрекувањето на пресудата во Хаг, синоќа во Братунац (БиХ) се одржа проекција на документарен филм за поддршка на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Оваа информација ја објави на нејзиниот профил на Твитер Нермина Кулоглија, новинарка на БИРН, а ја пренесува порталот „Слободна Босна-ба“.

Таа најави дека проекцијата на филмот се одржува „во знак на поддршка и благодарност на Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор со првостепената пресуда“.

„Проекцијата е организирана од здружението„ Источна алтернатива ““, напиша Кулоглија.

„Овој филм за военото патување и подвизите на Младиќ заслужува посебно внимание, без оглед на пресудата донесена од антисрпскиот суд во Хаг“, рекле од „Источна алтернатива“.

Директорот на Меморијалниот центар Сребреница-Поточари, Емир Суjагиќ ги коментира овие настани во Братунац.

“Овој нов градоначалник во Братунац е „супер“. Огномет во чест на Ратко Младиќ се слуша неколку километри надвор од градот. Многу ме интересира како меѓународните организации и амбасади ќе ги објаснат сите контакти со него”, напиша Сујагиќ на својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот