Скандал на состанокот Србија – ЕУ: Дачиќ вербално го нападнал Вархељ – еврокомесарот ја напуштил средбата

Ивица Дачиќ / Фото: Архива

Во еден момент Дачиќ зел збор и грубо му се обратил на Вархељ.

На состанкот меѓу еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ и српската премиерка Ана Брнабиќ заедно со министрите дошло до непријатна ситуација кога министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ вербално ги нападнал гостите, кои потоа го напуштиле состанокот. Еден час пред Дачиќ да му се „заврти“ на Вархељ, разговорот течел потполно нормално, без високи тонови и непријатности, пишуваат српските медиуми.

Беше многу непријатен. Му рече дека не знае каде дошол, дека молчи додека некој ги присвојува српските манастири на Косово, дека молчи за таксите кои ги воведе приштина на српските производи, вели извор за „Блиц“.

Претседателката на Владата, како и министерката за ЕУ, Јадранка Јоксимовиќ и министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ биле зачудени, а потоа Вархељ го вклучил микрофонот и му се обратил на шефот на српската дипломатија.

Јас сум единствен европски комесар кој реагираше на таксите, го осудив тоа што се случува во Црна Гора, Србија е прва земја во која дојдов по воведувањето на новата методологија и конечно, дојдов овде за да ви помогнам, рекол Вархељ.

Потоа го исклучил микрофонот и и се доближил на Брнабиќ, се ракувал и ја напуштил просторијата.

Дачиќ од друга страна, на новинарските прашања од „Блиц“ и „Новости“ негира дека состанокот бил прекинат, туку Вархељ брзал на состанок со опозицијата. Тој исто така тврди дека не го напаѓал еврокомесарот, туку ЕУ.

Шефот на српската дипломатија додава дека е изреволтиран од тоа што темата на Вархељ не е само методологијата, туку и регион, надворешните работи и други прашања. Меѓутоа, негира дека во просториите на српската Влада вечерва имало скандал.

– Немаше никаков скандал и состанокот не е прекинат, туку Вархеји брзаше на состанок со опозицијата, негира Дачиќ.

По состанокот, Владата на Србија не објави соопштение.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот