Скандал на Островот: Контроверзниот бизнисмен во конфликт со Гери Невил – му забрани влез на стадион!
Легендарниот англиски фудбалер и актуелен ТВ-аналитичар, Гери Невил, се најде во центарот на несекојдневна ситуација, откако доби забрана за влез на „Сити Граунд“, стадионот на славниот англиски клуб Нотингем Форест.
Препорачано
Клубот ја донесе оваа одлука како директен одговор на жестоките критики кои Невил неодамна ги упати на сметка на сопственикот на Форест, Евангелос Маринакис. Несогласувањата кулминираа по натпреварот против Лестер Сити (2-2), кога грчкиот бизнисмен влезе на теренот и имаше вербална расправија со тренерот Нуно Еспирито Санто.
Невил, кој во живо го коментираше натпреварот на „Скај Спортс“, го осуди потегот на Маринакис нарекувајќи го „апсолутен скандал“, при што дури предложи дека Нуно треба да размислува за заминување уште истата вечер.
Од Форест возвратија дека сопственикот само се распрашувал за здравствената состојба на повредениот Тајво Авонији, обвинувајќи го Невил за „неоснован и неинформиран гнев со цел лична промоција на социјалните мрежи“.
Ова не е прв пат Невил да влезе во конфликт со популарните „Шумари“. И минатата сезона беше критички настроен кон клубот по поразот од Евертон, што дополнително ја заостри неговата релација со управата на Нотингем.


