Ситуации во кои лажењето не е грев!

Според некои истражувања, изговарањето на „мали бели лаги“ всушност може да помогне во градењето на довербата. Некои луѓе повеќе сакаат да слушнат мали лаги кои се утешни, отколку болната вистина. Но, има ситуации во кои е можеби и пожелно да лажете, односно ситуации каде тоа е во ред.

Во насилен однос или врска

Насилството и злоупотребувањето немаат никаква врска со вистинската интимност или разбирање. Затоа, доколку барате помош и излез од споменатата врска, треба да бидете многу внимателни. Можеби ќе морате да користите одредени лаги во врска со своите постапки, телефонски повици или други контакти кои ќе ви воспоставите во процесот на излегување од истата. Затоа, етиката на вистината не делува кога сте во опасност и во споменатите случаеви е добредојдено да се послужите со лаги кои ќе ви помогнат да го вратите својот живот во нормала.

Кога ќе прекинувате со партнерот и не сакате дополнително да го повредите

Доколку сте иницијатор на раскинувањето, знаете дека морате да пронајдете паметен начин како на својот партнер да му кажете дека е готово. Освен фактот што тоа ќе помогне во сочување на одредена почит и достоинство, како вам така и на партнерот, ќе помогне и во разбирање на прекинувањето без многу вина и драма.

Да се заврши караницата


Кога вие и вашиот партнер не можете да се договорите околу ништо, тоа предизвикува голема напнатост и стрес. Затоа, морате да ги пресметате вашите можности и размислувате за тоа колку е важно тоа за кое што се карате. Сакате ли мир и смирување во својата врска? Тогаш најверојатно треба да кажете дека ви е жал и дека го прифаќате гледиштето на вашиот партнер, дури и доколку во срцето чувствувате поинаку, пренесува Bright Side.

Погрешен подарок

Можеби е време повеќе да ја цените човечноста од вистината. Затоа, изберете великодушност и простете одредени мали грешки. Затоа, следниот пат кога за поклон ќе добиете маица која можеби не ви се допаѓа или кога вашиот партнер ќе ја заборави вашата годишнина, но и кога ќе му загори јадењето или кога ќе ги стави чашите на погрешно место, немојте да му го признавате тоа. Секако, како и во претходниот случај, тоа не треба да се прави постојано, но одвреме навреме ваквите мали лаги и премолчувања можат навистина да помогнат во вашиот однос.

Новата фризура на вашиот партнер

Изгледот и стилот на личноста често се менува, но кога е во прашање изгледот и стилот на партнерот тој во поголемиот дел ни се допаѓа. Всушност, изгледот е една од работите кои ве привлекла. Но, кога тој некогаш ќе се промени, понекогаш тоа е едноставно промена на „лошо“ односно нешто што не ве инпресионира како порано. Во тој случај, можете да ја кажете вистината и поттикнете мала потенцијална препирка, но и малку болка, или можете да ги задржите своите мисли и со помош на конструктивна критика или предлог следниот пат кога ќе замине во шопинг или на фризер, да ги спречите можните „грешки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот