Зградата на МВР/Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

Сите вработени во МВР добиваат покачување од 2.500 денари бруто, ќе го имаат веќе во мартовската плата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на сите вработени во МВР – полицајците, но и администрацијата во министерството, добиваат покачување на платата во бруто износ од 2.470 денари. Нето покачувањето, произлегува од соопштението на МВР, ќе биде различно за сите вработени, во зависност од висината на нивната плата.

„Според објавените податоци за новата минимална плата, Министерството за внатрешни работи спроведе линеарно зголемување на платите на вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари, почнувајќи со исплата на плати за месец март 2026 година. Во наредниот период, со примената на новиот Закон за внатрешни работи, ќе се разгледа можноста за дополнително зголемување на платите за вработените во МВР.

„Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардите на македонските полицајци, а со тоа и целокупната безбедност на државата и граѓаните“, соопшти МВР.

И за март ќе има линеарно зголемување на пензиите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот