Сите во САД се обидуваат да го дешифрираат мистериозниот симбол на дланката на претседателскиот кандидат Стејер

Медиумите во Соединетите Американски Држави се обидуваат да дознаат дали крстот на раката на милионерот носи некоја скриена порака.

Во екот на дебатата на демократите кои се борат претседателска номинација за да му се спротистават на Доналд Трамп, се појави симбол чие значение ја интригираше американската и светската јавност.

За време на дебатата која ја водеа демократите Берни Сандерс и Елизабет Ворен, во прв план, сосема неочекувано, дојде американскиот милионер Том Стејер. Камерите за време на дебата „уловија“ детал на неговата лева рака. Станува збор за мистериозен крст, грубо нацртан со пенкало. Во секое квадратче на крстот се наоѓа уште еден помал крст.

Ова не е првпат сопственикот на инвестициски фонд да биде забележан во јавноста со овој знак. Го црташе за време на изминатите две години, но сега за тоа зборува цела Америка. Овој симбол стана поинтригантнен дури и од спротиставените ставови на Ворен и Сандерс.

Значење на симболот

Симболот е познат како ерусалимски крст и симбол на Ерусалимското кралство од 13 век. Создаден е по крстоносните походи на земјите во кои во тој период живеело муслиманско население. Не постои точно дефинирано значење на симболот, а експертите се уште се обидуваат да погодат што може да претставува. Одредени теоретичари тврдат дека го симболизира Христос и четирите апостоли, раните на Исус од неговото распнување или четирите страни на светот.

Симболот од 13-иот век, а свое место најде и на обележјата на феудалните држави. Денес еден таков крст се наоѓа на знамето на Грузија.

Зошто е на раката на Стејер?

Кандидатот на демократите во едно интервју ги објасни причините за цртањето на крстот на неговата лева дланка.

– Крстот ја симболизира вистината која мораме да ја кажеме по секоја цена. Го цртам веќе некое време за секојдневно да ме потсетува да ја зборувам вистината. Подоцна открив дека станува збор за ерусалимскиот крст – рече неодамна Стејер.

Еурсалимскиот крст првпат на неговата рака се најде зимата 2017 година, за една година подоцна Стејер во изјава за „Политика“ објасни дека секогаш ја зборува вистината, без оглед на значење на симболот. Тогаш објасни дека станува збор за меѓународен симбол на скромноста, иако не е утврдена точноста на ова тврдење.

Стејер е долгогодишен спонзор на демократската партија во САД. За време на актуелната кампања изјави дека во неговата 30-та година го „запознал“ Бога. Тој е еден од главните заговорници за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот