Сите предности на ананасот, добредојден е во секоја диета и за одржување на витката линија

Достапен ни е насекаде, во топлите денови нè асцоира на плажа и освежителни коктели, а во текот на студените денови, особено во сезоните на грип и настинки, ни е повеќе од неопходен. Добредојден е во секоја диета и за одржување на витката линија.

Ова се најзначајни предности на ананасот.

Полн со витамин Ц

За време на сезоната на грипот и настинките неопходна ни е адекватна количина на витамин Ц. А ананасот изобилува со витамин Ц – во 100 грама се дури 80 отсто од дневните потреби.

Нискокалоричен

Содржи само 50 калории во 100 грама што го прави идеален производ во секоја диета.

Им помага на цревата

Ананасот содржи големи количини на ензимот бромелаин. Овој ензим го забрзува разградувањето на мастите, јагленохидратите и протеините. Подеднакво го забрзува метаболизмот и ги прочистува цревата. Особено се препорачува за оние кои имаат проблем со опстипацијата.

Антиканцерогени својства

Предностите на бромелаинот не се ограничени само на разградување на протеините. Научните студии докажале дека бромелаинот го ограничува растењето на малигните клетки кај ракот на дојка. Постојат и докази дека овој ензим помага за спречување на различни воспаленија, од хронични до акутни.

Ги зајакнува коските

Ананасот содржи 75 отсто од препорачаната дневна доза на манган, минерал кој е клучен за развој на коските и сврзното ткиво. Манганот заедно со останатите минерали помага во превенција на остеопороза.

Против мачнина

Ја отстранува брзо мачнината која ја чувствуваме при патувањата или при бременоста. Оние кои имаат проблеми со патувањата се препорачува со себе да носат свежо цеден сок од ананас.

За слабеење и витка линија

Ананасот делува како природен диуретик помагајќи во исфрлањето на наталожените течности, а со самото тоа помага и во детоксикација на организмот и слабеењето. Ако го конзумирате секојдневно ќе забележите постепено слабеење. Не содржи масти, а дава големо чувство на ситост. Брзо се апсорбира и дава енергија, лесно се вари во организмот и го забрзува метаболизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот