ФОТО| Сите погледи беа вперени во нив: Хајди Клум и нејзината ќерка го „освоија“ црвениот тепих во Венеција
Најстариот филмски фестивал во светот конечно започна. Оваа година го слави своето 82-ро издание, а црвениот тепих донесе моден спектакл уште во првите минути.
Препорачано
Не беше изненадување што Хајди Клум пристигна на премиерата на филмот „La Graci“. На големо изненадување на пристурните таа се појави со нејзината ќерка Лени Олуми Клум.
View this post on Instagram
И мајката и ќерката ги покажаа своите неверојатни тоалети. Секоја од нив зрачеше со своја индивидуалност.
Хајди Клум доминираше на црвениот тепих во будоар елеганција: свилен фустан во пастелна боја кој ја нагласува силуетата. Ефектот беше максимален – комбинација од стар холивудски гламур составен од модерни кроеви.
Нејзината миленичка се одлучи за долг црн фустан со исто така со корсет. И двата фустани имаа проѕирни детали и исечоци над колковите, а ѓерданите на Хајди и Лени беа од Лорејн Шварц, њујоршката дизајнерка која ги направи вереничките прстени на Бијонсе и Блејк Лајвли. Хајди на сето тоа додаде и розова чанта.
Мајката и ќерката се појавија заедно и на Канскиот филмски фестивал минатото лето, Хајди носеше розова комбинација, Лени пак црна.


