Сите мерки кои важат во државите каде Македонците најчесто патуваат за време на летните одмори

Каква е во моментов состојбата на границите и кои правила важат денеска во овие земји?

Љубопитноста изгледа дека сепак го надвладеа чувството на паника и страв кое многу поединци имаа можност да го искусат изминатиот период. Мерките кои се донесени во пресрет на пандемијата предизвикана од коронавирусот во многу земји полека почнуваат да попуштаат, па се повеќе луѓе размислуваат за патување.

Секако не треба да се изгуби од вид фактот дека податоците во врска со коронавирусот и донесените мерки во сите земји се ажурираат речиси на дневно ниво, па така, она што важи денеска, не мора да значи дека важи засекогаш, бидејќи најголем дел од мерките зависат од моменталната состојба со вирусот во одредена земја.

Треба да напоменеме дека Европската комисија изнесе препорака со следната содржина: на државите членки им се препорачува привремено да применуваат 30 дневно координирано ограничување на неважните патувања од трети земји во ЕУ.

Единствена земја од сите кои се составен дел на ЕУ, која не ја прифати препораката е Ирска. А сите земји кои се приклучија на Шенгенот исто така ја применуваат оваа препорака.

Грција

Забраната за патување се применува во Грција, по препорака на Европската комисија до 15 јуни.

Во земјата воведен е задолжителен карантин во траење од 14 дена за сите кои влегуваат во земјата. Забранет е и пристапот на сите едрилици и крузери на грчките пристаништа.

Владата на Грција најави постепено попуштање на мерките во неколку фази во наредниот период. Почнувајќи од 4. мај земјата полека се враќа во нормала. Прво беа отворени малите продавници, а дозволени се и некои услуги. Една недела подоцна отворени се и други продажни и услужни објекти.

 

Црна Гора

Свети Стефан, Црна Гора / Фото: Unsplash

На странските државјани, кои немаат дозвола за престој, им се забранува влез во земјата. Ваквата мерка е на сила од 16. март.

Исклучен е јавниот превоз како и меѓународниот воздушен сообраќај, како и железничкиот и патниот сообраќај.

Сите кои ќе влезат во Црна Гора, мора да ги испочутуваат правилата, односно да останат во домашен карантин 14 дена. Истата мерка се однесува и на членовите на нивното семејство.

Меѓународниот патнички сообраќај е запрен од 24. март. Ваквата мерка не се однесува на црногорските државјани како и дипломатско – конзуларните претставници, но доколку се вратат ќе мора да ја испочитуваат мерката за карантин.

Бугарија

Варна, Бугарија / Фото: EPA-EFE

За граѓаните од 15 земји од 18. март забранет е влез во земјата. Во оваа група спаѓаат Германија, Шпанија и Италија, Швајцарија, Велика Британија, Франција, Холандија, Кина, Индија, Шри Ланка и други.

Освен за бугарските државјани, мерките за забрана за влез не се однесуваат ниту за нивните семејства односно на лица со постојан или долгорочен престој во земјата.

 

Хрватска

Дубровник, Хрватска / Фото: Unsplash

Како и останатите земји од ЕУ, со исклучок на Ирска, и Хрватска ги применува препораките за продолжување на привременото патување до 15. јуни.

Времено е забранет или ограничен и транзитит на патници на сите копнени граници и премини.

Што се однесува до граѓаните на Хрватска, нив им се дозволува враќање во земјата. Исто така дозволено е и враќање на сите кои се граѓани на земјите од ЕУ, земјите на шенген зоната, како и сите државјани од трети земји кои се долгорочни резиденти.

Турција

Аланја, Туција / Фото: Unsplash

Сите меѓународни патнички летови се запрени од 27 март. Затворени се и копнените гранични премини со Грција, Бугарија, Иран и Ирак.

На секој што ќе му биде одобрен влез во земјата мора да се подложи на здравствен преглед на Ковид – 19 при доаѓање и да го испочитува правилото за задолжителна самоизолација, односно карантин во траење од14 дена.

Шпанија

EPA-EFE/Quique Garcia

Вонредната состојба на територијата на Шпанија беше продолжена до 10. мај. Сите гранични премини се затворени од 17. март, а овозможен е влез само за шпански државјани и лица кои се со долгогодишнен престој во земјата.

Во периодот од 4. мај, па до крајот на јуни годинава, според одлуката на Владата, постепено почна олабавување на мерките. Дозволено е, меѓу другото со работа да почнат рестораните, хотелите и друг вид сместување, како и продавниците, но со максимално почитување на строго дефинираните мерки.

Малта

Фото: Unsplash

Казна и до 1.000 евра ќе мора да платат сите кои на територијата на Малта нема да го испочитуваат правилото за задолжителен карантин, односно самоизолација. Интересно е дека 14 дневниот карантин во оваа земја почнува да се засметува од денот на последниот престој во другата земја пред да влезе на територијата на Малта.

Покрај лицето кое допатували, во карантин ќе мора да остане и целото семејство, и лицата кои живеат заедно.

Сите летови и траекти од Шпанија, Италија, Швајцарија, Франција и Германија се запрени и во наредниот период.

Привремено ограничување на патувањето е во сила до 15. јуни, според препораката на ЕК.

Обединети Арапски Емирати

Фото: Unsplash

Сите дојдовни и појдовни летови се запрени од 25. март. Претходно беа суспендирани сите аранжмани, кои подразбираа посета на туристите без виза, односно оние кои би требало да добијат виза по доаѓањето и тоа од 19. март.

Сите кои имаат важечка виза за престој се опфатени со оваа мерка, односно не им е дозволен влез.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот