Синот на Тачи со емотивна порака го поддржа својот татко, се огласи и Владата на Косово

Откако денес Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата претседател по потврденото обвинение од Специјалниот суд, неговиот син Ендрит на инстаграм сподели емотивен пост.

„Татко ми ја доби битката за слобода. И ние сме слободни. Тој исто така ја водеше битката за републиката. И станавме држава и ќе останеме. Тој сега ќе ја води битката за правда. Затоа што татко ми, неговите соборци и целата војна беа во право. Ќе ми недостигаш многу, но ќе го славам секој ден со насмевка и високо крената глава заедно со мајка ми, нашето семејство, пријателите. Нетрпеливо ќе чекам, иако наскоро ќе се вратиш дома“ напиша Ендрит.

Владата на Косово проценува дека во новонастанатата ситуација создадена по оставката на претседателот на Републиката, Хашим Тачи, уставот и законите кои се во сила гарантираат јасен премин од извршувањето на одговорностите без создавање институционален вакуум.

Владата на Косово очекува од сите да продолжат да демонстрираат висока политичка култура.

Се очекува трансферот на Јакуп Красниќи во Хаг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот