Фото: EPA-EFE/LISE ASERUD NORWAY OUT

Синот на норвешката принцеза повторно уапсен: Ја прекршил забраната за приближување до поранешната девојка, која ја злоставувал

Норвешкото кралско семејство сѐ уште го тресат скандали бидејќи синот на принцезата повторно е уапсен. 27-годишниот Мариус Борг Хоиби овој пат ја прекршил забраната за доближување до неговата поранешна девојка.

Уапсен е откако во саботата на 7 септември ја малтретирал со пораки и повици од скриен телефонски број. Полицијата добила информација дека и покрај забраната, во неколку наврати контактирал со девојката.

„Одлучено е да го уапсиме поради опасност од повторување на прекршокот“, се вели во соопштението на полицијата.

Норвешкото кралско семејство со месеци го тресат скандали откако беше откриено дека синот на идниот крал е обвинет за напад на неговата 20-годишна девојка.

Мариус Борг Хоиби беше уапсен на почетокот на август и помина 30 часа во притвор, а се соочува со една година затвор. Неговата девојка била хоспитализирана со потрес на мозокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот