ТК Вондер и Кирил Џајковски

Синглот „Хед хај“ го најавува новото албумско остварување на Кирил Џајковски

Новиот материјал на најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски во форма на албумско остварување со наслов „Мемори парадокс“ (Memory Paradox) ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа „Филтер лабел“ и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години.

Како најава за новиот албум, од 16 јануари на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл „Хед хај“ (Head High). Песната претставува уникатен спој на хип-хоп и драменбејс, а на неа Џајковски е придружуван од редовната соработничка и миленичка на македонската публика, ТК Вондер (TK Wonder).

„Хед хај“ е актуелна, ангажирана песна, која се занимава со универзални теми, како соочувањето со предрасудите, вербата во себе и борбата против нееднаквоста.

Иако досега не беше објавена, „Хед хај“ за кратко време стана една од омилените песни на фестивалските настапи на Џајковски и е секогаш одлично прифатена од публиката. Токму поради тоа е избрана да биде прв сингл од албумот „Мемори парадокс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот