Син од татко украл 85.000 евра

За кражбата на речиси 85.000 евра која пред два дена ја пријавил жител на тетовско Јанчиште тетовската полиција изготви поднесок против неговиот 25-годишен син.

Според СВР Тетово 25-годишникот од метална каса во домот во изминати три недели одзел вкупно 5.199.000 денари.

– Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расчисти тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште и ќе изготви соодветен поднесок против неговиот 25-годишен син Р.С. – изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Членот 263 предвидува „гонење за дела помеѓу блиски сродници кои живеат во исто домаќинство по приватна тужба“, во врска со член 236 од Кривичниот законик каде е запишано делото „тешка кражба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот