Лекар предупредува: Симптом на мини-мозочен удар што останува незабележан од повеќето луѓе

Фото: Профимедиа

Секоја година, милиони луѓе доживуваат мозочен удар. Повеќето од нив се вбројуваат во исхемични мозочни удари, кои се појавуваат кога протокот на крвта во мозокот е блокиран. Луѓето кои ги имаат овие мозочни удари можеби веќе го доживеале она што е познато како минлив исхемичен напад (ТИА) или мини-мозочен удар.

– Мини-мозочните удари се кратки епизоди кои се резултат на недостиг на проток на крвта во одреден дел од мозокот – вели д-р Ахмед Итрат, невролог од Невролошкиот институт на клиниката Кливленд, пишува „АоЛ“ (AoL).

Д-р Итрат истакнува дека луѓето кои доживуваат мини мозочни удари имаат поголем ризик да доживеат голем мозочен удар во следната година. Податоците од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека околу 10 до 15 отсто од луѓето ќе доживеат голем мозочен удар во рок од три месеци по ТИА.

За лекувањето на мозочниот удар, времето е од суштинско значење и спасува живот.

 

– Брзото дејствување при појавата на симптомите на мозочен удар може значително да влијае на преживувањето – забележува д-р Итрат.

Меѓутоа, постои еден симптом кој повеќето луѓе го игнорираат. Симптомите на мини-мозочен удар и вистински мозочен удар не се многу различни, но симптомите на ТИА исчезнуваат многу брзо.

– Главен знак за мини-мозочен удар е ненадејна вртоглавица или проблеми со одењето. Може да се појават гадење и повраќање – тврди д-р Итрат.

Вртоглавицата е симптом кој многумина го игнорираат, бидејќи го припишуваат на дисфункција на внатрешното уво и не дејствуваат веднаш.

– Акутната вртоглавица или нерамнотежа при мозочен удар или ТИА се пoјавува поради губење на протокот на крвта во основата на мозокот, која содржи структури од витално значење за рамнотежата и координацијата на телото – објаснува д-р Итрат.

Други знаци на мини-мозочен удар вклучуваат ненадејна еднострана слабост, тешкотии во говорот, двојно гледање или губење на видот на едното око.

– Симптомите на ТИА или мозочен удар обично ја погодувааат едната страна од телото, што го разликува од другите нарушувања како што се мигрена или невропатија, каде што поединци може да имаат симптоми како трнење на двете страни од телото – објаснува д-р Итрат.

Ако се сомневате дека вие или некој ваш близок има мини-мозочен или мозочен удар, веднаш повикајте помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот