Симпатична традиција: Том Круз сè уште ѝ праќа чевли на Дакота Фенинг за нејзиниот роденден
Актерката Дакота Фенинг (31) откри дека Том Круз и по сите овие години ја одржува необичната традиција – секоја година ѝ праќа пар чевли за роденден, објави „Пипл“.
Препорачано
Гостувајќи во емисијата „Воч вот хепенз лајв“ кај Енди Коен, Фенинг потврди дека Круз не пропушта ниту еден нејзин роденден. „Да, навистина го прави тоа“, изјави таа низ насмевка, потсетувајќи дека двајцата глумеа заедно во филмот „Војна на световите“ (War of the Worlds) во 2005 година, кога таа беше дете.
На прашањето какви чевли добива, Фенинг одговори: „Навистина убави чевли“. Колешката Британи Сноу, која исто така беше гостинка во студиото, се пошегува дека има многу прашања, но Фенинг само додаде: „Навистина е едноставно – секогаш ми праќа чевли“.
Таа откри и дека Круз внимателно следи промени во нејзиниот број на обувки.
„Се менуваше со текот на годините, но тој се прилагоди. Се прилагоди“, рече низ смеа.
Ова не е прв подарок што Круз ѝ го дал на актерката. Таа во едно интервју за списанието „Харперс Базар“ во април 2024 година изјави дека токму тој ѝ го подарил првиот мобилен телефон, „Моторола рејзер“, кога наполнила 11 години.
„Бев воодушевена. Се чувствував толку кул,“ раскажа таа.
Фенинг и Круз останале во контакт уште од снимањето на „Војна на световите“, филм во режија на Стивен Спилберг, каде што играа татко и ќерка кои се обидуваат да преживеат инвазија на вонземјани.


