Симоне Инѕаги не сака да биде селектор на Италија
Тренерот на фудбалерите на Ал Хилал, Симоне Инѕаги, изјави дека не сака да ја преземе италијанската фудбалска репрезентација, додавајќи дека е среќен во Саудиска Арабија.
Препорачано
Италија моментно е без селектор, откако Џенаро Гатузо поднесе оставка откако беше елиминиран од Босна и Херцеговина во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2026.
– Дали треба да го заменам Гатузо? Поласкан сум, но сум среќен во Саудиска Арабија и имам уште една година договор со Ал Хилал. Навистина сум тажен што Италија нема да игра на Светското првенство по трет пат по ред. Јас сум 100 проценти Италијанец, мојот брат (Филипо Инѕаги) го освои Светското првенство 2006. Апсолутно сум сигурен дека италијанскиот фудбал брзо ќе се опорави – изјави Гатузо за италијанскиот медиум Либерта.
Инзаги го презеде Ал Хилал во јуни 2025 година.
– Во Саудиска Арабија ми е фантастично во секој поглед. Начинот на живот, спортската инфраструктура и надвор од истата, спокојството што успева да ве придружува дури и на работа што може да биде стресна како мојата – вели италијанскиот тренер.
Инѕаги ги тренираше Лацио и Интер пред да дојде во саудискиот клуб.
– Платата е добра, но други причини ме доведоа тука. За среќа, не ми требаа пари. Сакав да пробам сосема ново искуство во сосема нова средина. Годините во Интер беа задоволувачки на професионално ниво. Чувствував дека треба да направам пауза од фудбалот на највисоко ниво, бидејќи притисокот стана неподнослив – кажа Инѕаги.


