„Сименс“ најави: Околу 140 илјади работници ќе работат од дома

Архива на СП

Оваа компанија со седиште во Минхен оцени дека пандемијата „покажала дека работењето надвор од фиксното работно време има многу предности и можен е многу поголем обем на работа отколку што претходно се мислеше.

Германскиот индустриски конгломерат „Сименс“ најави дека ќе даде дозвола повеќе од една третина од своите вработени постојано да работат од дома два до три дена во неделата.

Оваа компанија со седиште во Минхен оцени дека пандемијата „покажала дека работењето надвор од фиксното работно време има многу предности и можен е многу поголем обем на работа отколку што претходно се мислеше.

Новиот аранжман се однесува на повеќе од 140 илјади вработени во над 125 места во 34 земји, соопшти „Сименс“ кој има повеќе од 380 илјади вработени.

Овој конгломерат вели дека неговиот концепт е наречен „мобилна работа“ и тој не значи задолжително работење од дома, туку дека вработените во договор со претпоставените ќе можат да одберат да работат онаму каде што се најпродуктивни.

Новиот пристап ќе биде прилагоден со законски барања до државите во кои „Сименс“ има свои постројки, со кои ќе се регулираат бизнис потребите на компаниите и потребите на вработените поединечно.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот