„Симбол на моќ и статус“: Сѐ повеќе мажи носат високи потпетици

Фото: Инстаграм, Џејмс Чарлс/Марк Џејкобс

Дефинитивно, чевлите со високи потпетици претставуваат женственост и гламур. Но, во минатото, тие биле суштински моден додаток и за мажите. Интересно е да се знае дека ваквите чевли, првично, биле наменети за посилниот пол, но оваа практика исчезнала низ вековите.

Изненадувачки, се чини дека денес ваквите чевли се враќаат во машката мода, бидејќи сѐ повеќе познати личности почнаа да ја искажуваат својата женска енергија, носејќи високи потпетици.

Историјата на машките чевли со високи потпетици

Чевлите со високи потпетици се појавиле во десеттиот век. За разлика од денес, во тоа време високите потпетици не биле само модни додатоци – персиските коњаници ги носеле за да ги држат чевлите цврсто во узенгиите додека јаваат.

До крајот на 17 век, таканаречената „персијаманија“ стана моден тренд низ цела Европа. Машката мода од 17 век била фокусирана на нагласување на убаво обликуваните листови и бутови на мажите. Меѓутоа, како што чевлите почнале да се делат на машки и женски, така мажите престанале да носат високи потпетици околу 1730 година за да избегнат одредена феминизација.

Илустрација на маж со високи потпетици во 16 век / Фото: Profimedia

Зошто мажите сакаат да носат високи потпетици?

Иако чевлите со високи потпетици испаднала од мода во 18 век, статистиката покажува дека продажбата на машки чевли со високи потпетици е во пораст од 2017 година. Сѐ повеќе мажи носат штикли со голема самодоверба.

Многу познати модни дизајнери носат високи потпетици.

„Мислам дека има нешто неверојатно освежувачко во тоа што еден машки дизајнер, како Марк Џејкобс, го прифаќа носењето високи потпетици“, вели Ендру Гроувс, професор по моден дизајн на Универзитетот во Вестминстер.

„Високите потпетици станаа симбол на моќ и статус, и парадоксално, на доминација и потчинување“, додаде професорот.

Сепак, според многумина, мажите кои носат високи потпетици се „чудни“. Всушност, тоа е моден изглед кој сè уште разбеснува многу конзервативци.

Марк Џејкобс / Фото: Profimedia

Машките чевли со високи потпетици како тренд

Високите потпетици сè уште се поврзуваат со женската мода, иако се повеќе машки познати личности, како што се поп-иконите и рок-ѕвездите, го одржуваат овој тренд жив.

Моментално, достапни се многу видови машки чевли со потпетици. Дизајнерските брендови, како „Гучи“ и „Сен лоран“, знаеја дека високите потпетици ќе се вратат во машката мода и ја искористија можноста да развијат нови модели во модна оваа категорија.

Дел од познатите личности кои го прифатија овој моден тренд се Хари Стајлс, Шон Мендес, Џаред Лето, Џејмс Чарлс, Лени Кравиц итн.

Хари Стајлс  / Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот