Силни пораки кои Џокер и таткото на Чарли Шин му ги испратија на светот пред да бидат уапсени (ВИДЕО)

Славниот Џокер од мегапопуларниот филм и таткото на неговиот колега, се појавија и зборуваа на протестот во Капитол Хол во Вашингтон.

Славниот актер Хоакин Феникс и таткото на актерот Чарлин Шин, Мартин Шин, се упасени на протест за климатските промени, а пред да им бидат ставени лисици на рацете, тие испратија силни пораки до целиот свет.

Славниот Џокер од мегапопуларниот филм и таткото на неговиот колега, се појавија и зборуваа на протестот во Капитол Хол во Вашингтон.

Како што пишуваат светските медиуми, демонстрантите одбиле да си заминат, а Хоакин ја повикал јавноста да не користи млечни и месни производи, бидејќи се „штетни за околината“.

– Се борам за она врз што можам да влијаам. Има работи кои не можам да ги избегнам. Синоќа овде дојдов со авион. Но, една работа која можам да ја променам е тоа дека можам да ги менувам своите навики во исхраната. Поради тоа апелирам до сите вас да ми се придружите во тоа – рекол главниот лик од филмот „Џокер“.

– Потребно е нашата земја да се разбуди – рекол Мартин Шин во својот емотивен говор.

Протестите почнаа во октомври минатата година, а покрај Феникс и Шин, на овој протест учествувале уште неколку славни личности.

На протестот вкушно биле уапсени 147 лица, кои се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот