Силјановска: Победи партикратијата, а не демократијата

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска по поразот на изборите изјави:

-Добив невидена енергија од граѓаните во време кога нема демократија. Утрото почна со дожд на крајот сите годишни времиња се сменија и заврши како пролет за победниците. Да добиете речиси 370.000 гласови е голема благодарност. Важно е дека станав позната на улиците како Гога. Знам дека победи противкандидатот, но не мислам дека не ја изгубив битката

Политиката во Македонија се уште не е уметност, се уште е во рацете на партиите. Тие одлучуваат пред се каде ќе одат гласовите. Резултатот е јасен, но прашање дали овој резултат води кон помирување или значи поделба на државата по повеќе основи. Победи партирократијата, а не демократијата, истакна Силјановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот