Силјановска Давкова ќе биде кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е единствен кандидат кој се пријавил на огласот во ВМРО-ДПМНЕ кој заврши денеска во 17 часот. Од партијата информираат дека за нејзината кандидатура ќе се одлучува на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на РМ која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

„Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес. На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати. Гордана Силјановска-Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем, велат од партијата.

Постои статутарна можност и друг кандидат да биде предложен од делегатите директно на конвемцијата, но нашиот извор вели дека тоа досега не се случило и дека шансите за тоа се многу мали. Силјановска веќе има искуство во претседателската трка. Таа ги загуби претседателските извори во 2019 од Пандаровски.

Пендаровски ќе се трка за втор мандат, раководството на СДСМ попладнево му дало поддршка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот