СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ја погоди областа меѓу Тајланд и Лаос

Силен земјотрес ја погоди областа близу границата меѓу Тајланд и Лаос, но засега нема извештаи за жртви, и не е направена голема материјална штета.

Институтот за геолошки истражувања на САД соопшти дека земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја потресе областа на длабочина од 10 километри во 6,50 часот по локално време.

Жителите од областа во близина на епицентарот на земјотресот велат дека имало неколку последователни земјотреси.

Земјотресот беше почувствуван низ северниот дел на Тајланд  дури и до Бангкок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот