Силен потрес во Херцеговина, го почувствуваа и во Хрватска и Црна Гора

Фото: EMSC

Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер, со епицентар во местото Столац, се почувствува вечерва на поширокото подрачје на Херцеговина, како и на јадранското приморје во близина на Дубровник и границата меѓу Хрватска и Црна Гора.

Потресот, кој се случи во 21 часот и пет минути, според локалните и регионални медиуми, се почувствувал и во Сараево, Зеница, Мостар, Јабланица.

Засега, нема информации за можна штета.

Земјотрес со слична јачина на почетокот на месецов ја стресе областа околу Травник, во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот