Сиднеј најверојатно ќе остане затворен и по 16 јули

ФОТО: EPA-EFE/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Можноста за продолжено заклучување во Сиднеј, Австралија, се појави денеска, откако здравствените работници пријавија уште едно рекордно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 оваа година, предизвикано од многу заразниот делта сој.

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска соопшти дека потврдила 112 нови, локални случаи на Ковид-19, од кои речиси сите се наоѓаат во Сиднеј, и покрај фактот што најголемиот град во земјата влезе во третата недела на локдаун.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, истакна дека од бројот на случаи во наредните денови ќе зависи дали ќе биде продолжено заклучувањето во Сиднеј, кое треба да биде укинато в петок.

Вкупниот број на инфекции се приближува до 700, помалку од еден месец по откривањето на првата инфекција со делта сојот кон средината на јуни.

Во болница се наоѓаат 63 лица, од кои 18 се на одделот за интензивна нега, а една жена на 90-годишна возраст е првата жртва на Ковид-19 оваа година во таа држава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот