Шведски компании заинтересирани за производство на руската вакцина „Спутник V”

Спутник В / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Неколку шведски компании изразија подготвеност да ја произведуваат руската вакцина „Спутник V”, откако шведската  да ја разгледа можноста за воспоставување на нивно производство во Шведска, пренесуваат руските медиуми.

-Постоечките производствени капацитети не се наменети за такво производство. Меѓутоа, ние секако имаме можност да произведеме вакцина. Не мора нужно да станува збор за изградба на голема фабрика, туку само за обид да се развијат таквите можности со капацитетите што веќе ги имаме, објасни шефот на агенцијата „Винова”, Ларс Хамарстрем.

Координаторот на кампањата за вакцинација во Шведска, Рикард Бергстром, претходно ја соопшти можноста за производство на руската вакцина во нивната земја и преговорите меѓу руската и шведската страна. Меѓутоа, се уште не е познато кои шведски компании реговараат со Руската Федерација.

Според професорот и експерт за вакцини од институтот „Каролинска, Алија Миразими, во моментов се бараат сите достапни вакцини.

-Потребни ни се сите вакцини што можат да се набават. Со фабриките што го произведуваат „Спутник V” во Европа, процесот ќе оди подобро и побрзо, бидејќи ќе биде полесен и посигурен во однос на квалитетот, рече Миразими. Тој додаде дека инспекторите ќе можат да ги посетуваат производствените капацитети и ќе се забрза процесот на одобрување на вакцините.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 4 март го соопшти почетокот на секвенционираното  испитување на „Спутник V”. Евриопскиот регулатор за лекови притоа соопшти дека за време на анализата, експертите ќе ја проценат усогласеноста на вакцината со стандардите на ЕУ во областа на ефикасноста, безбедноста и квалитетот.

Според руските податоци, „Спутник V” досега е регистриран во 50 земји со вкупно население од над 1,3 милијарди луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот