Шведската здравствена агенција алармира: Изгледа започна третиот бран од пандемијата

Во Шведска изгледа започна третиот бран од пандемијата, соопшти денеска шведската Здравствена агенција, заострувајќи ги ограничувањата поради неодамнешниот пораст на нови случаи на ковид-19 и брзото ширење на новите варијанти.

– Се чини дека одиме кон трет бран, рече главниот епидемиолог Андерс Тегнел на прес-конференција.

Тој додаде дека тоа почнува да влијае на интензивната нега. – Не гледаме драматично зголемување, но не и намалување што го имавме некое време, додаде Тегнел.

Шведската здравствена агенција препорача да се ограничи бројот на луѓе во продавниците, покрај веќе ограниченото работно време на баровите, кафулињата и рестораните и да има построги правила во врска со носењето маски.

Тегнел исто така рече дека неодамнешните студии покажале дека вакцината на „АстраЗенека” против ковид-19 е ефикасна за луѓе постари од 65 години и дека Шведска има намера да ја смени препораката да не им се дава на постари лица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот