Шведската манекенка која се насели на островот Јаз повторно на слобода

Изабела Виола Линдблом Фото Профимедиа колаж
Изабела Виола Линдблом / Фото: Профимедиа

Шведската манекенка Изабела Виола Линдблом вчера била ослободена од сплитскиот затвор, каде што помина девет дена откако беше приведена во трговски центар поради нарушување на јавниот ред и мир, пишува порталот „Шибенски“.

ФОТО | Шведската манекенка си го присвои хрватскиот остров: Ги бркала посетителите, а населила кокошки

По апсењето, манекенката била однесена во психијатриска болница, но таму не била задржана, туку била спроведена во Општинскиот прекршочен суд во Сплит. Линдблом беше осудена на девет дена затвор, кои веќе ги одлежала, а судијата ја задолжил да ги плати трошоците на постапката во износ од 300 хрватски куни.

Да потсетиме, Изабела Виола Линдблом, поранешен шведски топ модел, го привлече вниманието на јавноста откако се насели на ненаселениот остров Јаз во Хрватска. Како што пренесуваа хрватските медиуми, Швеѓанката се однесувала како островот да е нејзин, па дури и ги растерала посетителите, а на островот населила и кокошки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот