Швајцарија наградува: Ако убедите некого да се вакцинира, добивате 50 евра

Швајцарско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Швајцарија ги наградува оние што ќе убедат некого да се вакцинира против ковид-19, објави денеска швајцарската влада.  

Секој што ќе се вакцинира, ќе може да именува едно лице што го убедило да го стори тоа, и тоа лице ќе добие подарок ваучер во вредност од 50 швајцарски франци (околу 2,800 денари, речиси 50 евра), пишува Локал.цх. 

Локалните власти ќе одлучат каде може да се користи ваучерот, на пример во кината или рестораните.  

Една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа  

„Секој може да помогне убедувајќи пријател, сосед, колега или член на семејството за придобивките од вакцинацијата.Оваа соработка на населението треба да биде наградена“, рече владата.  

Швајцарија има една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа. Само 58 проценти од вкупните 8,7 милиони жители беа целосно вакцинирани. Швајцарија досега прими 11,9 милиони дози и искористи 10,4 милиони. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот