Каја Шукова, Локални избори 2025 / Фото: Фејсбук

Шукова: Секој глас е чекор напред кон подобро Скопје

Денеска е значаен ден за Скопје. Јас го остварив своето право на глас и ги повикувам сите граѓани да го сторат истото, затоа што така заеднички придонесуваме за подобра иднина на нашиот град, изјави кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова.

Таа им посака успешен и мирен изборен ден на сите сограѓани, како и на сите кои се вклучени во спроведувањето на изборниот процес, нагласувајќи ја важноста на секој поединечен глас.

-Секој глас е важен. Секој глас е чекор напред кон подобро Скопје – порача кандидатката на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот